Што нудиме?
Обезбедуваме широк спектар на услуги за греење, ладење и вентилација – од професионална монтажа и сервисирање, до одржување и целосна замена на системи за приватни и деловни објекти.
Како можеме да ви помогнеме?
Продажба
Без разлика дали ви е потребен нов клима уред, топлинска пумпа или прочистувач за воздух нашиот тим ќе ви помогне да го изберете најдоброто решение според вашите потреби и буџет.
Монтажа
Обезбедуваме целосна изведба, монтажа и пуштање во работа на системи за греење и ладење, вклучувајќи клима уреди, топлински пумпи и останати современи HVAC решенија, прилагодени на потребите на вашиот дом или деловен простор.
Сервис и чистење
Од редовно одржување и длабинско антибактериско и хемиско чистење до дијагностика и сервис, се грижиме вашиот клима уред да работи беспрекорно во текот на целата година.
