За нас
20 години искуство во создавање ефикасни и долготрајни решенија за греење и ладење!
Компанијата АНИТЕРМ е основана во 2005 година и повеќе од две децении успешно работи во областа на климатизација, греење и ладење.
Нашето долгогодишно искуство, професионален пристап и посветеност кон квалитетот ни овозможуваат да обезбедиме соодветни решенија прилагодени според потребите на секој клиент – од приватни домови, до деловни и индустриски објекти.
Нудиме комплетни решенија за греење и ладење – од советување и избор на адекватна опрема, до професионална монтажа, сервисирање и техничка поддршка.
Ги решаваме проблемите со греење и ладење брзо, стручно и одговорно
Она што започна како компанија фокусирана на климатизација, денес прерасна во доверлив партнер за комплетни HVAC решенија. Со повеќе од 20 години искуство, професионален тим и современи технологии, обезбедуваме сè – од избор на опрема и монтажа до сервис, одржување и целосна изведба на системи за греење и ладење.
Нашата мисија
Нашата мисија е да испорачаме современи и енергетски ефикасни решенија за греење и ладење кои имаат оптимални перформансикои, обезбедуваат максимален комфор, и обезбедуваат долготрајна вредност за нашите клиенти.
Основни вредности
- Квалитет - највисок бескомпромисен квалитет за секој клиент
- Професоаналност и исполнителност - придржување до договорите и исполнување на ветувањата
- Интегритет - транспарентност во секој чекор
Зошто да не одберете токму нас?
Ја покажуваме нашата посветеност кон клиентите со тоа што секогаш правиме повеќе од очекуваното, обезбедувајќи беспрекорно искуство. Изберете нè како ваш прв избор уште денес!
- Брза и навремена услуга
- Долгогодишно искуство
- Експертиза и подготвеност
- Квалитетна изведба
- Точност и одговорност
