Компанијата АНИТЕРМ е основана во 2005 година како компанија за изведба и продажба на софистицирани системи за греење и ладење.
Од самиот почеток АНИТЕРМ е овластен застапник на познатата американска компанија Inventor за Р.Македонија.Со нашето долгогодишното искуство во областа на климатизација добивате изведба на долготрајни, ефикасни и квалитетни решенија за Вашиот дом, канцеларија или пак индустриски објект.
Ние нудиме современи технолошки, еколошки и економично исплатливи решенија кои се во чекор со современите светски трендови. Нашите уреди се од висока енергетска класа А, со што се постигнува поголема ефикасност и помала потрошувачка, додека фреоните се од строго еколошки карактер во склад со најновите регулативи за заштита на озонската обвивка.
Мисија
Мисијата на АНИТЕРМ е зачувување на околината преку обезбедување на решенија со висока енергетска ефикасност и значајна економска исплатливост.
Визија
Нашата визија е да обезбедиме ефикасно грејно решение за секој дом.